[ВИДЕО] Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Макфакс

10/05/2025

20:31

6.287

Големина на фонт

а а а

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.

Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.

Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.

Од загрепската полиција потврдија дека дека пред хотел на улицата „Кнежа Борне“ дошло до конфликт меѓу две лица и дека еден од нив бил пренесен во болница. Во тек е кривична истрага и се утврдуваат сите околности на инцидентот“, соопшти полициската управа во Загреб.

Мирковиќ потврди дека бил физички нападнат, а за нападот го обвини менаџерот на Светлана Ражнатовиќ Цеца, Велибор Поповиќ. Тој рече дека бил нападнат одзади и го окарактеризира потегот како „убиство во обид“.

Обвинетиот менаџер објасни сè

„Добро сум, во Загреб сум затоа што вечерва Теа Таировиќ го има својот распродаден солистички концерт“, ја започнал Поповиќ својата страна од приказната за Телеграф.

„Ќе ви кажам точно како се случи. Стоев пред хотел во Загреб кога пред влезот застана црн џип со загрепски регистерски таблички. Не обрнав внимание додека Саша Мирковиќ не излезе од возилото. Потоа веднаш тргна кон мене и почна да ги навредува моите деца. Потоа изби тепачка, но тој беше првиот што го нападна.

Менаџерот додаде дека освен физичкиот конфликт ништо друго не се случило и нагласи дека најважна му е честа и угледот, како и заштитата на семејството и пријателите.

Цврсто стојам зад се што кажав, никогаш не бегав од одговорност и не бегам сега“, заклучил Поповиќ за Телеграф.

Велибор Поповиќ е познат како менаџер на популарни пејачи, Тее Таировиќ, Анѓеле Игњатовиќ Бресквице, Стоја Новаковиќ, Едита Арадиновиќ, МЦ Стојана, Зорана Миќановиќ и многу други.