Му го поставија прашањето, тој одговори со иронија: Погледнете како Мурињо избира тим

Точка

10/05/2025

10:45

762

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо даде саркастичен одговор на прес-конференција кога беше прашан како ги избира фудбалерите за почетниот состав.

На новинарското прашање зошто постојано го менува стартниот тим, тренерот на Фенербахче иронично возврати:

„Имам 25 парички. Ги фрлам во воздух. Тие што ќе останат на маса – играат. Тие што ќе паднат на под – одат на клупа. Токму така го правам тоа. Во текот на неделата се забавувам. Секој ден одам во ноќни клубови низ Истанбул, секаде. А кога дојде време да изберам тим, ги фрлам паричките со ликовите на играчите на нив. Оние 11 што ќе останат на маса – тие играат … едноставно е“, рече Мурињо.


Сезона без трофеj?

Португалскиот стратег има импресивна кариера – ги водеше Порто и Интер до титули во Лигата на шампионите, со двата тима освои и по две домашни првенства. Со Челси трипати беше шампион во Премиер лигата, со Реал Мадрид го освои шпанското првенство, со Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа, а со Рома ја подигна Конференциската лига.


Во Фенербахче дојде на почетокот на јули минатата година. Но, откако тимот испадна од сите натпреварувања пред финалните фази, сè посигурно изгледа дека нема да стигне ниту до титула во шампионатот. Пет кола пред крајот, Фенербахче има пет бодови помалку и натпревар повеќе од водечкиот Галатасарај.