Доби специјална покана: Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до 100. титула пред Ролан Гарос

Дерби

09/05/2025

14:22

536

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ изненадувачки се одлучи да го скокне Мастерсот во Рим и многумина помислија дека без соодветна подготовка ќе се појави на Ролан Гарос.

Сепак има една промена и Србинот ќе има генералка пред вториот грен слем во 2025 година. Имено некогашниот прв светски рекет доби специјална покана и ќе настапи на АТП турнирот во Женева, турнир од серијата 250.

Тоа е настан кој се игра од 17 до 24 мај и ќе покаже во каков ритам, форма е Ѓоковиќ кој ако успее да слави тогаш ќе дојде до јубилејната 100. титула во кариерата што би било идеално сценарио пред Френч Опен.

Во Женева ќе играат Руд, Димитров, Фриц…Махач од кого Ноле загуби минатата година што значи дека ова ќе биде вистински предизвик за големиот грен слем шампион.