Агбонлахор: Тоа што го кажа Артета е смешно, мора да биде…

Дерби

09/05/2025

13:29

772

Големина на фонт

а а а

Арсенал не успеа да ја мине полуфиналната пречка во Лигата на шампионите и дефинитивно останува без ниту еден освоен трофеј во оваа сезона.

Пари Сен Жермен ја доби оваа битка со вкупни 3-1, но „топчиите“ не сакаа да го признаат овој пораз или поточно менаџерот Микел Артета кој истакна дека подобриот тим ја загубил битката. Ова секако донесе реакции и коментари, критики на адреса на Артета меѓу кои една дојде од некогашниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор.

- Се обидоа, во првите 15 минути беа подобар тим. Требаше да постигнат два или три гола, тоа само покажува што може да направи еден врвен голман во ова натпреварување. Ама потоа Арсенал почна да паѓа, Одегард одигра подобар меч, Мартинели, но избледеа во второто полувреме. Менаџерот да каже дека најдобриот тим загуби е смешно и ова е причината зошто другите навивачки бази не сакаат Арсенал да освои ништо.

- Мислам дека Артета понекогаш треба да биде внимателен со начинот на кој зборува. Зборува за последните две сезони, „имаме толку многу поени и толку многу поени што ги освоивме ќе беа доволни за да ја освоиме лигата оваа година, Арсенал е најдобриот тим во Европа…“

- Понекогаш само биди скромен по поразот. Подобриот тим победи во два натпревари, за мене е убедливо подобар тим. ПСЖ е најдобриот тим во натпреварувањето, нема срам да се каже „не успеавме, ќе се вратиме следната сезона“, - вели Габи за „Токспорт“.