Мареска: Ќе играм против мојот фудбалски татко, знам дека не ме сакаат во Бетис

Дерби

09/05/2025

13:15

507

Големина на фонт

а а а

Челси без проблеми дојде до финалето на Конференциската Лига на УЕФА каде дефинитивно ќе го очекува најголемиот предизвик-тоа е шпанскиот прволигаш Бетис.

„Сините“ се прошетаа до завршниот меч, елиминираа ривали кои дефинитивно се под нивното ниво, меѓутоа во Вроцлав ќе има противник кого нема да може да го потцени, тим кој има искусни и квалитетни играчи, а на клупата е стариот лисец Мануел Пелегрини.

Ова добро го знае Енцо Мареска кој сепак му се радува на овој натпревар кој носи европска титула.

- Имаме 20 дена да се подготвиме за финалето, пред тоа имаме уште три финалиња во Премиер лигата. Среќен сум што ќе се соочам со Бетис, особено затоа што е против Мануел Пелегрини. Тој е еден од моите професионални татковци.

- Играв за Севиља четири години, тие имаат големо дерби против Бетис. Постигнав гол против нив и победивме со 1-0, па знам дека не ме сакаат. Ја запознав сопругата во Севиља, таа е од Севиља. Мојот прв син е роден во Севиља. Играв за Севиља, но немам сомнеж дека сакам да триумфирам во финалето, - прача тренерот на „сините“,

- За мене лично, ова е многу важно, особено затоа што можеме да им дадеме шанса на овој клуб и на овие навивачи да бидат првиот клуб во Европа што ќе ги освои сите натпреварувања [откако претходно ги освоија Лигата на шампионите и Лигата на Европа]. Лигата на конференцијата е почетна точка за градење менталитет на победник, а потоа да се обидеме да освоиме повеќе работи и повеќе титули., - додаде Италијанецот.