Невил: Јамал е најдобриот тинејџер во последните 50 години

Дерби

09/05/2025

13:11

291

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал за некој месец ќе биде полнолетен и ќе го прослави 18 роденден, а тоа само му дава дополнителна тежина на се што досега има направено во кариерата и тоа на сениорско ниво.

Тој стана европски шампион со „црвената фурија“, беше дел од тимот на Барселона кој го водеше Чави Ернандес и ја освои Примера, а во тековнава кампања веќе се радуваше на два пехари во Купот и Супер Купот на Шпанија. Офанзивецот не само што е првотимец туку е и еден од најзначајните, најважните играчи како во Барса така и во националниот тим и со своите изданија само изнудува комплименти од јавноста и од добро познатите фудбалски имиња.

Последен кој се огласи е Гери Невил кој смета дека ова што го прави Ламин е неверојатен, нешто што не е видено од млад играч, тинејџер во последниве 50 години.

- Мислам дека Јамал би можел да биде најдобриот тинејџер што сме го виделе во последните 30, 40, 50 години. Го освои Европското првенство со Шпанија минатата година, да го прави она што сега го прави, 100 натпревари за 17 години, освојувајќи го Европското првенство…

- Тој има 100 одиграни натпревари, освои Европско првенство, играше на 16 години на Европско првенство, не мислам дека има некој што имал такво влијание во последните 30, 40 години како тинејџер. Не можам да се сетам на никого, - истакна Невил.