Аморим ги предупреди играчите на Јунајтед: Веќе сум под стрес…

Дерби

09/05/2025

12:20

291

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед со две убедливи победи над Атлетик Билбао обезбеди пласман во големото финале на Лига Европа каде за ривал ќе го има Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ славеа со 3-0 и 4-1 во пресметката со шпанскиот претставник и сосема заслужено обезбедија билет за „Сан Мамес“, место каде ќе се обиде не само да дојде до титулата туку и да ја спаси сезоната затоа што без победа екипата ќе остане без пласман во европските купови.

Ова многу добро го знае тренерот Рубен Аморим кој ги предупреди игррачите да не слават затоа што ништо не е направено, завршено кога е во прашање мисијата во ова натпреварување.

- [Освојувањето на трофејот е] најмалку што можеме да направиме за овие навивачи, за поддршката што ни ја дадоа во оваа тешка сезона. Веќе сум под стрес поради финалето. Ако не го направиме тоа, нема да значи ништо, но среќни сме што сме таму, па ќе видиме. Доста е слично, за мене и Анге. Тежок момент е. Еден од нас ќе победи. Ќе биде големо финале, ќе се обидеме да победиме, - рече Аморим кој знае дека Јунајтед беше надигран од „петлите“ во битките во оваа сезона, но очекува мечот во Баскија да биде поинаква приказна.

- Прво, мора да размислите за шансите, тешко е за еден тим да изгуби четири пати по ред. Значи, можеме да размислуваме за тоа на тој начин. Треба да имаме целосен состав и да ја проучиме играта доста добро. Ни треба малку среќа. Денес примивме гол, но имавме толку многу транзиции за да постигнеме гол, а не успеавме. Мора да бидеме клинички во тој натпревар, - подвлече менаџерот на составот од Манчестер.