Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Макфакс

09/05/2025

11:21

1.158

Големина на фонт

а а а

New York SEC ja акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со македонски капитал со седиште на Вол Стрит.

Со основањето на “Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, македонскиот бизнис за првпат добива своја институција во епицентарот на светските финансии. Како прва инвестициска консултантска компанија основана од македонски основачи и капитал одобрена од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — највисокото регулаторно тело за хартии од вредност во САД — Prime Capital се приклучува кон елитниот круг на водечките глобални финансиски играчи.

Со седиште на Волстрит и лиценца која овозможува соработка со клиенти ширум светот, компанијата веќе успешно работи со инвеститори од Блискиот Исток, Азија и Европа. Дополнително, Prime Capital e во напредна фаза на купување и ребрендирање на отворен инвестициски фонд во Северна Македонија, што ќе им овозможи на домашните инвеститори директен пристап до глобалните пазари и до експертизата на Prime Capital.

Претставувајќи ја следната етапа на развој на Adora Business Group — етаблирана како една од најдинамичните и најдиверзифицирани бизнис групации во државата — Prime Capital го гради своето наследство врз повеќе од една милијарда евра инвестиции во банкарството, енергетиката, недвижностите и глобалните финансиски пазари.

Портфолиото на Адора опфаќа над 500.000 м² висококвалитетни недвижности, позиција на најголем акционер во Комерцијална Банка Скопје, сопственост врз регулираното производство на топлинска енергија за градот Скопје, богато и успешно искуство на домашните и меѓународните пазари на хартии од вредност, како и сопственички удели во други компании од регионално значење. Сето ова ги потврдува нејзиниот институционален капацитет и доверба на пазарот.

Prime Capital е основана од двајца ко-основачи со комплементарни профили, искуства и визии: Душко Чифлиганец и Иван Ивановски — бизнис лидери кои го здружуваат институционалното знаење и технолошката иновација во заедничка амбиција за глобално инвестициско влијание.


Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Adora Business Group, е признат лидер со една деценија искуство во градење на долгорочна вредност и развој на високо-етаблирана корпоративна структура. Неговото иновативно и визионерско водство ја трансформираше Adora од градежен лидер во интернационална групација со внимателно одбрани стратешки инвестиции во клучни економски сектори, вклучувајќи ги финансиите, енергетиката и пазарите на хартии од вредност, кои играат важна улога во обликувањето на реалниот сектор и макроекономскиот развој на регионот.

Иван Ивановски е докажан и посветен претприемач и технолошки инвеститор со силно глобално присуство. Со длабока експертиза во финансиите и технолошкиот сектор, Ивановски успешно идентификува и поддржува револуционерни иновации кои ги обликуваат глобалните пазари, остварувајќи просечен годишен принос од над 160%. Неговото лидерство вклучува проекти со повеќе од 3 милиони преземања, како и наградени апликации — меѓу кои и престижната Apple Design Award.

Тој е основач на Venikom, глобално призната ИТ компанија која соработувала со брендови како Heineken, AXN, Nike, T-Mobile, Samsung и Vogue. Како основач и на MasterClass.mk, има обучено над 2.000 студенти и инвеститори низ годините, со што ја зацврсти својата мисија за унапредување на финансиската писменост и пристап до инвестирање. Дополнително, Ивановски е основач и на хуманитарната иницијатива Support Kochani, преку која е обезбедена помош за над 200 семејства погодени од пожар во неговиот роден град. Клучниот придонес што го носи е неговата способност и посветеност кон развој и имплементација на високопрофитабилни инвестициски стратегии со оптимизиран ризик, прилагодени на сите пазарни услови.

Според достапните информации од официјалните канали на компанијата, “Prime Capital powered by Adora” не е само нов играч на пазарот, туку визионерска платформа создадена врз основа на искуство, иновација и јасно дефинирана мисија:

Да обезбеди стабилен, континуиран и сигурен раст на капиталот на своите инвеститори, истовремено гарантирајќи доверба, сигурност и спокојство.

Со нивното заедничко водство, Prime Capital функционира како независна инвестициска консултантска компанија со јасен фокус на стратешки капитал, технолошка иновација и интелигентно управување со ризик. Портфолиото на компанијата опфаќа инвестиции во вештачка интелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливи технологии — сектори што го дефинираат економскиот развој на иднината.

Како што е наведено на официјалната веб-страница на компанијата, Prime Capital применува внимателно планирана стратегија за распределување на капиталот, со што обезбедува одржливост и стабилен раст. Средствата се алоцираат на избрани пазарни нивоа, овозможувајќи оптимално управување со ризикот и максимално искористување на пазарните можности.

Со адаптибилна стратегија што успешно одговара на динамиката на глобалните пазари, компанијата создава трајна вредност и поставува темели за идните генерации.

Prime Capital powered by Adora претставува многу повеќе од консултантска компанија. Таа е прозорец кон најсовремените техники, пристапи и експертиза што ги применуваат водечките светски инвестициски консултантски фирми, овозможувајќи креирање навистина уникатни и високопрофитабилни можности за локалните инвеститори.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница: https://theprime.capital.

Комерцијален текст