Ријана случајно нашла модел во којшто се заљубила, а кога ја повикала дизајнерката таа немала претстава колкава ѕвезда е пејачката која сака нејзина креација. Следеле 20 возбудливи месеци, а резултатот е парче историја.
Во понеделник, 5 мај, ќе се одржи уште една Мет гала, традиционална гала вечер во музејот на уметноста „Метрополитен“.
Се очекуваат голем број славни, а најмногу внимание секако дека ќе се посвети на модните изданија на ѕвездите на црвениот тепих.
Секоја година пишуваме за тоа колку часа и материјали се вложени во креациите, но веќе долго ниту една не може да го сруши рекордот којшто Ријана го поставила во 2015 година.
Зборуваме за жолтиот фустан којшто доминирал на насловните страници од магазините долго после Мет галата.
За убавицата од Барбадос да изгледа баш како што сакала дури 20 вешти уметници, односно вработени кај дизајнерката Гуо Пеј, работеле неверојатни 50.000 часа.
Како што раскажала Ријана, својот фустан го пронашла случајно, на интернет, а потоа истиот бил доведен до совршенство.
„Ја истражував кинеската висока мода на интернет и ја најдов. Се вљубив во овој фустан кој е целосно луд.Не можам ни да одам без помош. Но, многу ми се допаѓа“, изјавила Ријана.
Пејачката објаснила дека биле потребни две години за нејзиниот фустан рачно да се изработи, а Гуо подоцна раскажала дека процесот траел 20 месеци, како и дека моделот тежи 25 килограми.
Во царска Кина жолтата боја била резервирана исклучиво за царот и е симбол на среќа во кинеската култура, а Ријана во 2015 година била единствена која ја носела.
Фустанот на Ријана бил наречен „величествено злато“.