Овој рецепт не содржи вештачки ароми туку се подготвува на база на природна сласт од костени и ванила.
Пирето од костени е еден од оние десерти кои мирисаат на детство, празници и кујната на баба. Неговата нежна структура и богат вкус се идеални.
Состојки:
- 1 килограм костени;
- 100-150 милилитри млеко;
- 100 грама шеќер во прав;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 50 грама путер.
Подготовка:
1. Костените ставете ги да се варат 30-40 минути, додека не омекнат.
2. Уште кога се топли, внимателно излупете ги.
3. Излупените костени згмечете ги или ставете ги во блендер додека не добиете мазна смеса.
4. Додадете шеќер во прав, ванилин шеќер и по желба путер.
5. Додавајте млеко постепено и матете додека не ја добиете посаканата густина.
6. Оставете да се излади во фрижидер, па послужете.
На здравје!