Големиот пријател на Беличик загрижен: „Ме загрижува врската на Бил со 49 години помлада девојка. Мора да биде внимателен“

Точка

02/05/2025

19:04

1.578

Големина на фонт

а а а

Имам правило да не ги коментирам врските на други луѓе. Но, морам да признаам дека сум загрижен од она што го слушам. Ситуацијата не изгледа добро – изјави легендарниот НБА кошаркар и долгогодишен пријател на Бил Беличик, Чарлс Баркли.

„Искрено, малку сум загрижен за Бил Беличик (73) и мислам дека ќе му се јавам да проверам дали е сè во ред“, рече Баркли. Да потсетиме, славниот американски тренер со хрватско потекло последниве денови повторно беше во центарот на вниманието, откако неговата 49 години помлада девојка Џордон Хадсон (24) го прекина неговото интервју за познатата американска телевизија CBS.

Интервјуто било прекинато во моментот кога водителот го прашал Беличик како се запознал со својата девојка. Од "CBS" тврдат дека интервјуто било договорено како отворен разговор за повеќе теми, додека Беличик инсистира дека се работело за интервју посветено на промоцијата на неговата нова книга.


Баркли, кој со Беличик има блиско пријателство што датира уште од времето кога овој беше тренер на Кливленд Браунс (1991 – 1995), не го крие своето незадоволство.

„Ова за мене е чувствителна тема. Бил ми е еден од најдобрите пријатели. Не ми е јасно што точно се случува. Пријатели сме долго време и мислам дека мора да биде крајно внимателен, бидејќи оваа ситуација е многу лизгав терен“, рече Баркли во емисијата „The Dan Patrick Show“, и додаде:


„Имам правило да не се мешам во туѓи врски. Но, морам да признаам дека сум загрижен од сè што се зборува. Не ми изгледа добро“.

Водителот на емисијата коментираше дека Беличик, кој отсекогаш се потпирал на контрола во својата тренерска кариера, сега делува како да ја препуштил контролата на својата девојка. Баркли се надоврза:

„Да, човече, навистина сум загрижен. Тој ми е пријател и кога му оди добро, и кога не му оди. Се надевам дека е сè во ред“, заврши Баркли.