Атилио Луиџи Антонио Бетега, роден на 19 февруари 1953 година во Молвено, бил истакнат италијански рели возач кој оставил значаен белег во светот на мотоспортот. Важел за еден од најталентираните италијански возачи, шест пати се искачи на подиумот, но никогаш не победи.
Почетоци во рели-спортот
Бетега ја развил својата страст за автомобилизмот уште на рана возраст, а професионалната кариера ја започнал во средината на 1970-тите.
Во 1977 година, го освоил „A112 Abarth Trophy“, што му овозможило да влезе во светот на професионалното рели. Неговите рани настапи го привлекле вниманието на „Fiat“, за кого возел модели како „Fiat 131 Abarth“ и „Lancia Stratos“.
Импресивни настапи без победа
Во 1982 година, Бетега се приклучил на фабричкиот тим на „Lancia“, возејќи го моделот „Lancia 037“ во Светскиот рели шампионат (WRC). За време на неговата кариера во Лансија, тој учествувал на „26 WRC“ натпревари, остварувајќи шест пласмани на подиумот и освојувајќи вкупно 47 брзински испити. Иако не забележал победа, неговите настапи биле импресивни.
Еден од неговите најзначајни резултати било третото место на релито во Португалија во 1983 година. Во 1984 година го освоил второто место на истата конкуренција, што било негов најдобар резултат во кариерата.
Трагичната несреќа
На 2 мај 1985 година, за време на четвртата етапа на релито Тур де Корз во Корзика, Бетега доживеал несреќа. Ја изгубил контролата над својата „Lancia 037“, која удрила во дрво. Ударот бил кобен за Бетега, додека неговиот совозач Маурицио Перисинот поминал без повреди. Оваа трагедија предизвикала сериозна дебата за безбедноста на рели, особено во тогашната популарна Група Б возила.
Една година подоцна, на истото рели и на истиот датум, на 2 мај 1986 година, се случила уште една трагична несреќа во која загинале и Хенри Тоивонен и неговиот совозач Серхио Кресто, што довело до укинување на Група Б во „WRC“ натпреварувањата, поради загриженоста за безбедноста на возачите и публиката.
И покрај кратката кариера, Атилио Бетега остави неизбришлив траг во светот на рели-спортот. Во негова чест, се одржуваат меморијални натпревари, како што е „Trofeo Attilio Bettega“.