„Јадат ќебапи со кромид, па после не знаат каде се“: Доктор Воја откри што најдобро оди со месо на скара

Точка

30/04/2025

12:37

4.784

Големина на фонт

а а а

Се приближуваме кон традиционалното печење месо на скара за Први мај, кое не може да помине без ќебапи, плескавици, колбаси итн. Иако повеќето љубители на скара најчесто уживаат во комбинацијата од месо и кромид, српскиот доктор, Воислав Перишиќ (гастроентеролог) откри многу подобра алтернатива.

„Кромидот предизвикува подуеност бидејќи промовира пробиотски супстанции. Исто така, од него ожеднуваме. Тоа не е пријатно чувство, не би го препорачал освен младиот кромид, тоа е друга приказна“, рекол докторот и додал дека салатата ги неутрализира штетните својства на силните оброци.


„Посилната, богата храна се неутрализира со добра салата. Треба да има многу зеленчук! Салата од зелка, марула, целер., да знаете дека треба да додадете целер. Тоа е од големо значење поради каротеноидите“, објаснил д-р Воја.

Неговиот совет за сите што подготвуваат скара е да не претеруваат со солта при подготовка на месо. Инаку овој зачин широко се користи во рестораните, а и за тоа постои причина.


„Откако ќе внесеме сол, мораме да го разблажиме во организмот, а во кафеана секако нема да нарачаме вода, туку на пример ќе земеме некаков шприцер“, рекол лекарот и додал: „Ставете малку сол, но рузмаринот е задолжителен. Потопете го рузмаринот во маслиново масло, искористете го за маринада, тоа ќе го заштити месото“, истакнал гастроентерологот и објасни што е штетно кај печењето месо на скара.


„Кога на него печете месо, од ќумурот мора да настане жар, а не да продолжи да гори и да испушта чад. Тој мора да изгори, дрвото, па топлината од жарот само влијаат на месото. Тој чад содржи микрочестички и токсични јаглеводороди, така што ќумурот мора да изгори и да остане жарот, а дури тогаш вие настапувате и го ставате месото на скара“, потенцирал д-р Воја.