Спанаќот е најздравата намирница, но доколку го подготвувате вака – тој е отров: Еве кои луѓе треба да го избегнуваат

Точка

30/04/2025

10:43

1.131

Големина на фонт

а а а

Спанаќот со сигурност е една од најбараните намирници. Но, треба да внимавате при негово консумирање, а најдобро е да подготвите онолку спанаќ колку што ќе изедете затоа што подгревањето спанаќ никако не се препорачува.

Спанаќот може да се јаде свеж во вид на салата. Богат е со витамини А, Ц и бета-каротен и фолна киселина. Овој зеленчук долго се сметал за најдобар извор на железо.

Совети за подготовка

- Секогаш купувајте свеж спанаќ, внимавајте стеблото и листовите да не се жолти.

- Пред подготовка потребно е добро да го измиете.


- Подготвениот спанаќ изедете го истиот ден затоа што не смее долго да стои или да се загрева.

- Остатоците од спанаќот не смеат да се чуваат на собна температура. Веднаш ставете ги во фрижидер.

- Не се препорачува да се подготвува како вариво со брашно на маст од животинско потекло затоа што може да предизвика дијареја.

- За да ги зачувате витамините и минералите треба да го готвите на пареа или во мала количина вода, околу пет минути.

- Треба да го подготвувате со млеко за да ја отстраните оксалната киселина која се врзува со калциумот и создава калциум оксалат. Може да се употреби и некој друг млечен производ, како јогурт, павлака, свежо сирење.

Кому може да му наштети?

Спанаќот содржи одредени количини оксална киселина која поради високата концентрација на пурин може да создаде проблеми со бубрезите, а треба да го избегнуваат и луѓето кои имаат проблем со жолчката, артритис или камен во бубрег.


Внимавајте, брзо се расипува

1. Единствената лоша страна на спанаќот е тоа што за кратко време се расипува. Тој пропаѓа пред другите видови зеленчук затоа што лисјата му се многу чувствителни, а една од причините е тоа што содржи голем дел на вода (90 отсто).

2. Спанаќот е расипан доколку изгледа овенато или има непријатен мирис. Меѓутоа, постои начин векот на траење да му се зголеми, потребно е да го миете непосредно пред варење.

3. Препораката е спанаќот да се потроши во рок од три дена, а може и да го замрзнете, но пред тоа треба малку да го сварите во вода, додека не стане светлозелен.