Луис Енрике урна неверојатно достигнување на историскиот тим на Милан: Важно е да се зборува за овој рекорд!

Дерби

23/04/2025

12:29

359

Големина на фонт

а а а

ПСЖ остана без победа на гостувањето кај Нант и мораше да се задоволи со конечни 1:1, но фактот што одново остана непоразен во француската фудбалска елита направи да бидеме сведоци на тим кој испиша фудбалска историја.

Тимот на Луис Енрике влезе во фудбалската историја како единствениот во Европа кој останал непоразен на гостински терен во домашното првенство на 39 натпревари во низа, податок со кој беше подобрен и историскиот рекорд на Милан.

Славниот тим на Милан кој го водеа Ариго Саки и Фабио Капело остана непоразен на 38 гостувања од 1991-ва до 1993-та година, но ПСЖ со ремито кај Нант го надмина тој рекорд и стигна до 39 последователни меча на кој не знае за пораз во Лига 1 надвор од „Паркот на принцовите“.

– Бев запознаен со овој податок пред натпреварот и сметам дека е важно да се зборува за овој рекорд. Важно е да се зборува за рекорди од таа фудбалска ера.

– Зборуваме за непобедливост на гостински терен, тоа е рекорд кој заслужува внимание. Саки и Капело го градеа тој рекорд три сезони, а истото важи и за нас. Ова не беше наша цел на стартот на сезоната, но сега го остваривме и тоа е уште еден доказ дека тимот се движи во вистински правец, – изјави Лучо.