Еве за што разговарале Ѓоковиќ и Модриќ: Шпанците открија што рекол Новак во соблекувалната на Реал Мадрид

Точка

22/04/2025

21:37

3.358

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ и Лука Модриќ се сретнале по натпреварот на Реал Мадрид, а српскиот тенисер му рекол на хрватскиот фудбалер дека не може да поверува на каков спектакл бил сведок.

Ѓоковиќ беше дел од друштвото на бројни спортски ѕвезди на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. По завршувањето на мечот, тој имаше можност да разговара со Лука Модриќ. Иако видеото кое се појави не откриваше детали, шпанските медиуми пренесуваат што точно му рекол Новак.

„Не можам да поверувам каков гол постигна“, му рекол Ѓоковиќ на Модриќ во соблекувалната. Новак очигледно бил воодушевен од натпреварот на кој присуствуваше. Во дербито од 32. коло на Ла Лига, Реал Мадрид победи со 1:0 во судиското надополнување, кога Федерико Валверде ја затресе мрежата на Атлетико во 93. минута.


Олимпискиот шампион од Париз прославуваше на трибините, скокајќи во неверување поради драматичниот расплет. На стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Ѓоковиќ имаше можност да биде сведок на вистински фудбалски спектакл, а по натпреварот, покрај средбата со Модриќ, разговараше и со други играчи на Реал. Шпанските медиуми истакнаа дека Новак додал оти Лука му е „многу драг пријател“.

Ѓоковиќ имаше кратки разговори и со Винисиус Жуниор, Тибо Куртоа, Џуд Белингем и многу други. На натпреварот не присуствуваше Килијан Мбапе, кој поради суспензија го следеше мечот од трибините.

Кои ѕвезди беа на трибините?

На „Сантијаго Бернабеу“ беа присутни бројни светски ѕвезди од различни спортови. Новак Ѓоковиќ дефинитивно беше еден од главните атракции, но големо внимание привлече и Арман „Мондо“ Дуплантис, еден од најдобрите атлетичари на денешницата.


Присутни ѕвезди:

• Новак Ѓоковиќ (тенис, Србија)

• Арман „Мондо“ Дуплантис (атлетика, Шведска)

• Кели Слејтер (сурфање, САД)

• Симон Бајлс (гимнастика, САД)

• Ребека Андраде (гимнастика, Бразил)

Со кого Ѓоковиќ го гледаше натпреварот?

Новак беше на мечот со еден од своите најблиски соработници – поранешниот тенисер Карлос Гомез-Ерера. Тој беше видно возбуден, скокна и го прегрна Ѓоковиќ по драматичниот финиш на мечот.

Гомез-Ерера е едно од познатите лица во тимот на Ѓоковиќ. За време на својата тениска кариера стигна до 268. место на АТП листата во сингл, а во двојки беше рангиран највисоко на 195. место. Освои вкупно 18 титули – 10 во сингл и 8 во двојки. На почетокот на кариерата, еден од неговите партнери во двојки беше токму Марко Ѓоковиќ.