Харгривс прогнозираше кој ќе игра во финалето на ЛШ

Дерби

23/04/2025

15:01

432

Големина на фонт

а а а

Оваа седмица нема возбудувања во Лигата на шампионите, но во наредните две ни следат клучните дуели, полуфиналните битки по кои ќе биде познати кои екипи ќе се борат за трофејот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Полуфиналните двобои се Барселона-Интер и Арсенал-Пари Сен Жермен и е навистина тешко да се прогнозира кој ќе помине во следнава фаза и дојде на само чекор од пехарот.

Овен Харгривс како човек од фудбалот се обиде да истипува и неговиот избор е Барселона-Пари Сен Жермен.

- Тоа е вртење на паричка. Мислам дека Барселона против ПСЖ. Арсенал изгледа подготвен оваа година, но историски гледано, на клубовите му се потребни чекори [да ја освојат Лигата на шампионите]. Полуфиналињата се сепак неверојатни, тие би можеле да го направат тоа, дефинитивно. Но, ПСЖ неодамна беше на ова место. Имаат момци кои го прават тоа за подолго од Арсенал.

- ПСЖ ги има двата најдобри бекови во играта. Во моментов, тие двајца [Мендеш и Хакими] се најдобри во Лигата на шампионите. Доу изгледа како да има ракети во копачките, ги гледа играчите знаејќи дека не можат да го спречат. Кварацхелија е поинаков. Витиња игра како Модриќ. Невес е неверојатен. Дефанзивната четворка е лудо добра, тројцата од средниот ред се дополнуваат, а врвот имаат темпо и вештина. Арсенал може да победува со помалку посед на топката и играње фудбал во контранапад бидејќи ја има најдобрата одбрана. Но, мислам дека финалето ќе биде ПСЖ против Барселона.

- Другиот дуел е вистински судир на два стила. Интер е кул без топка, Барса има многу топка и таа висока линија. Патем, Ханси Флик е вистинската работа. Барселона беше во лоша позиција кога тој ја презеде, - вели Харгривс.