[ФОТО] По повеќе од половина век, бронзената статуа на царот Марко Аврелиј се враќа во Турција

Точка

17/04/2025

14:54

1.552

Големина на фонт

а а а

По речиси 65 години научни, правни и дипломатски напори, статуата на Марко Аврелиј конечно се враќа во својата татковина, изјавил заменик-министерот за култура и туризам на Турција, Гокан Јазги.

Церемонијата за официјалното враќање на статуата во Турција се одржала во Музејот на уметност во Кливленд, во Соединетите Американски Држави.

Заменик-министерот за култура и туризам на Турција, Јазги, ја споделил веста на социјалните мрежи, истакнувајќи дека статуата на Марко Аврелиј ќе биде вратена таму каде што припаѓа.


Уникатната бронзена статуа на римскиот император Марко Аврелиј, која го прикажува неговиот филозофски идентитет, била илегално извезена од античкиот град Бурбон во 1960-тите.

„По речиси 65 години научни, правни и дипломатски напори, статуата на Марко Аврелиј конечно се враќа во својата татковина, античката земја Анадолија“, истакнал Јазги.


Пред враќањето во Турција, ова ремек-дело ќе биде изложено на специјална тримесечна изложба во Музејот на уметност во Кливленд.

„Во јули тој ќе се врати во својата културна средина, каде повторно ќе заживее. Така, долгото патување на Марко Аврелиј конечно ќе заврши во земјата на која ѝ припаѓа“, заклучил заменик-министерот.