Примероците на почва и камења собрани од оддалечената, мистериозна темна страна на Месечината укажуваат на тоа дека почвата на тој дел би можела да биде посува отколку онаа што гледа кон Земјата, соопштија денес кинеските научници.
Сепак, тие нагласуваат дека е потребно да се соберат повеќе примероци за да се добие појасна слика.
„Подобро разбирање на присуството на вода може да помогне во согледувањето на тоа како Месечината еволуирала“, наведуваат кинеските научници, пренесува "Associated Press" (AP).
Минатата година, Кина стана првата земја што слетала на оддалечената, темна страна на Месечината, а вселенската сонда "Chang’e 6" собра примери од вулкански карпи и почва од древниот и простран басен Јужен Пол-Ајткен – еден од најголемите кратери во Сончевиот систем.
Сен Ху од Кинеската академија на науките изјави дека тој и неговиот тим добиле пет грама Месечева почва, по што одбрале 578 честички за детална анализа користејќи електронски микроскопи.