Американка уапсена затоа што ја оставила својата болна мајка со 54 кучиња кои ја раскинале

Макфакс

24/03/2025

22:36

1.183

Големина на фонт

а а а

Жена од американската сојузна држава Колорадо минатата недела завршила во затвор откако нејзината мајка, која боледувала од деменција, била пронајдена до смрт икасана во куќа во која неконтролирано се шетале педесет и четири кучиња, пишува „Њујорк пост“.

Џесика Хоф (47) беше уапсена пред три дена, откако 76-годишната Лавон Хоф беше пронајдена мртва во домот што го делеле, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Пуебло.

Телото на Лавон било пронајдено откако полицијата била повикана во дом во Колорадо Сити поради пријава за онесвестена жена, се вели во соопштението на шерифот.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот пријавиле дека околу телото на жртвата трчале неколку кучиња, а низ куќата имало уште десетици. „Детективите утврдија дека Лавон Хоф, додека била сама, бил нападнат од група кучиња кои се движеле по домот“, соопшти полицијата, цитирајќи го извештајот од обдукцијата кој потврдил дека жената починала како резултат на нападот на кучињата.

Лавон имала тешка деменција и имала потреба од 24-часовна нега, а иследниците велат дека нејзината ќерка ја оставила сама со кучињата и отишла во самопослуга. Претресот на домот и другиот имот во сопственост на Џесика Хоф откри дека таа чувала 54 кучиња и седум птици, од кои повеќето биле запоставени.

„Во нехигиенски услови пронајдени се кучиња и птици, а неколку кучиња се во лоша здравствена состојба“, соопшти полицијата. Животните подоцна биле преземени од вработените во службата за заштита на животните на округот.

Џесика Хоф беше задржана во затворот во округот Пуебло, а кауцијата беше одредена на 50.000 долари. Таа беше обвинета за кривично дело невнимание со последица смрт на лице на кое му е потребна посебна грижа, како и 54 точки за тешка злоупотреба на животни, по едно за секое куче пронајдено во куќата.