Воената парада која се одржа во вторникот во Атина по повод Денот на независноста Грција, предизвика контроверзии откако учесниците извикувале слогани кои се оценети како навредливи за Турција.
Сведоците рекле дека некои учесници на парадата скандирале слогани како „Кипар е грчки“, како и „Е*те Турција“ пред толпата и малите деца.
Иако парадата традиционално се одржува како симбол на грчката национална гордост и независност, оваа година таа стана и предмет на дипломатски тензии.
Остри коментари се појавија и под видеоснимката од парадата која беше објавена на социјалните мрежи, па така еден корисник напишал: „Да постоеше почесен обвинител, сите од поручници до началникот на Генералштабот ќе завршеа на воен суд“.
During Greece’s state-held Independence Day parade, the soldiers chanted:
— Clash Report (@clashreport) March 25, 2025
“Cyprus is Greek. F*ck Turkey.” pic.twitter.com/h0APIdrAkQ
Инаку пред инцидентот, турската амбасада во Атина ѝ упатила честитки на Грција Денот на независнот, нагласувајќи ја важноста од одржување на добрососедските односи. Меѓутоа, слогани кои биле извикувани за време на парадата ја доведуваат во прашање искреноста на напорите за подобрување на билатералните односи.
Остар став кон инцидентот зазела и грчката опозициска партија СИРИЗА-ПС, која ги осуди „неприфатливите и историски неосновани пароли“ извикувани од студентите на Поморската школа за подофицери (ΣΜΥΝ). Во соопштението на партијата се вели дека инцидентот треба да се истражи и да се дадат одговори.
СИРИЗА-ПС, исто така, ја критикувала владата за „недисциплина“ и сериозни „административни нарушувања“ во воената морнарица, нагласувајќи дека националната одбрана не може да се зајакне само со зголемување на трошоците.
„Националистичката реторика и недостатокот на дисциплина не гарантираат сила. Приказната за Агендата 2030 слабее поради постојаните заминувања од воената морнарица и сериозните административни нарушувања, што треба сериозно да ги загрижи лидерите на Министерството за одбрана“, истакнала СИРИЗА во соопштението.
Партијата, исто така, ја искритикува актуелната грчка влада, тврдејќи дека е во „распаѓање“ и „веќе не може да контролира ниту основни работи“.