Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал

Дерби

24/03/2025

14:01

977

Големина на фонт

а а а

Арда Гулер добива значително поголема минутажа како турски репрезентативец и често е во стартната постава на Винченцо Монтела, па таков беше случајот и вчера на натпреварот против Унгарија во Будимпешта.

Турција покажа дека во моментов е класа над селекцијата на Унгарија и со победа од 0:3 обезбеди место во А дивизијата во Лигата на нации, а еден од головите беше дело токму на талентираниот фудбалер на Реал.

Арда елегантно ја погоди мрежата со својата посилна лева нога и еуфорично го славеше голот, особено поради тоа што доста нервозно го започна натпреварот.

Младиот Гулер влезе во неколку дуели и во еден момент го замолкнуваше Доминик Собослаи, а бидејќи оваа сцена стана вирална на социјалните мрежи, пристигна одговор и од спротивната страна.

Собослаи не се воздржа и испрати краток коментар на една од страниците кои ја споделија фамозната фотографија, при што ѕвездата на Ливерпул му фати сеир на Арда за неговиот статус во првиот тим на Карло Анчелоти.

– 1088 минути, – гласи потсмевачкиот коментар на Собослаи, алудирајќи на минутите кои ги одигра Гулер за Реал оваа сезона, и тоа најчесто на натпревари кои немаат поголема важност.