Џамал Мари ја презема одговорноста во отсуство на повредениот Никола Јокиќ, па втората ѕвезда на Денвер рано утрово беше исклучително расположена за игра и го водеше својот тим до победата на гостувањето кај Хјустон.
Фантастичниот шутер „експлодираше“ против Рокетси и зад своето име запиша 39 поени, 4 скокови и 7 асистенции, учинок со кој направи отсуството на Јокиќ и да не се почувствува толку многу на теренот.
Денвер ги реши сите прашања околу победникот во третата четвртина која ја доби со 39:22, па во последната можеше да си дозволи и големо опуштање, кое сепак не резултираше со драматична завршница.
Нагетси славеа со 111:116, Портер беше втор најдобар поединец во гостинскиот тим после Мари со 17 поени, додека најефикасен во Хјустон беше Грин со 30 поени.
На вториот натпревар кој се одигра рано утрово, Оклахома одигра трилер во Лос Анџелес, но успеа да го добие Клиперс со резултат 101:103.
Jamal Murray stuffed the stat sheet in a big win for the Nuggets!
— NBA (@NBA) March 24, 2025
🎯 39 PTS
🎯 7 AST
🎯 4 REB
🎯 4 3PM
Denver wins the battle of West #2 vs. #3. pic.twitter.com/ybWJqhLnDC