Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

A1ON.MK

23/03/2025

12:31

1.022

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, мора да остане во притвор до судењето. Оваа одлука ја донесе судот, пренесува турската новинска агенција Анадолу. Судијата му одреди притвор поради обвинение за корупција. Одлуката е донесена во судот Чаглајан во Истанбул, изјави за АФП адвокатот на Имамоглу.

Имамоглу беше уапсен во средата заедно со десетици други, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на главната опозициска партија ЦХП.

Неговото апсење ги предизвика најголемите улични протести во Турција во последната деценија. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и други градови. Според министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, во саботата биле приведени 323 лица.

Властите во Турција употребија солзавец и водени топови против демонстрантите во Истанбул.



Наредбата за притвор првично беше издадена во врска со истрага за корупција. Освен тоа, опозицискиот политичар се товари и за „терористички“ дела. Судот треба да се произнесе по тие обвиненија в недела. И во двата случаи се води истрага за вкупно 106 лица. Притвор е одреден и за советниците на Имамоглу, како и за многу други.

Имамоглу е најверојатниот противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Апсењето на Имамоглу ја означува кулминацијата на повеќемесечната судска кампања против опозициските политичари, која беше критикувана како обид да се поткопаат нивните изборни шанси и да се задуши несогласувањето. Владата ги отфрла овие наводи.



Партијата на Имамоглу ЦХП ги повика своите членови да го изберат за свој кандидат на претстојните претседателски избори денеска. ЦХП, исто така, апелираше до непартиските членови да гласаат за Имамоглу со цел да се зајакне отпорот на јавноста против неговото притворање.

ЦХП има повеќе од 1,5 милиони членови во сите 81 провинција во Турција. Гласањето завршува во недела попладне. Редовните претседателски избори во Турција се закажани за 2028 година, но Ердоган би можел да ги одржи порано.