По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика, соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.
Меѓу нив се: месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.
„Овие механизам се дел од заедничкото делување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторна.
Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално.
Се додава дека овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза со сите засегнати страни.