Трагедијата што ја снајде Марија Ковачук ја потресе јавноста и започна бројни шпекулации. Оваа млада девојка, која се занимавала со моделинг, беше пронајдена покрај пат во Дубаи со тешки повреди – скршени раце и нозе, повреден ’рбет и модринки по лицето.
Во моментов се наоѓа во болница, во тешка состојба, а нејзиното лекување е исклучително скапо, додека не е извесно дали осигурувањето ќе ги покрие сите трошоци.
Последниот повик и исчезнувањето
Марија последен пат се јавила на 9 март, кога ја повикала својата мајка и рекла дека оди на забава со двајца мажи.
„Звучеше вознемирено“, изјавила нејзината мајка.
По тој повик, Марија исчезнала, а неколку дена подоцна била пронајдена со скршен р’бет покрај патот.
Официјалната верзија на полицијата е дека паднала од градилиште, но нејзините блиски не веруваат во тоа.
Семејството смета дека Марија била заробена и мачена, а потоа фрлена покрај патот.
Шпекулации на социјалните мрежи
Нејзините објави на социјалните мрежи се провокативни, а многу корисници шпекулираат за нејзината работа.
Дубаи е познат како дестинација каде многу млади жени одат во потрага по лесна заработка, било преку моделинг, спонзори или ексклузивни забави.
Една од тие што го познаваат светот на моделингот и луксузниот живот во Емиратите е Марина од Нижњи Новгород, која често престојува во Дубаи.
Реалноста зад луксузот
Таа отворено зборува за тоа како функционира овој свет:
„Сè почнува со Модната недела во Дубаи. Тогаш се собираат девојки кои бараат богати партнери, но и агенти кои ги регрутираат за ескорт.
Се организираат забави, но таму не се зборува за мода, туку за условите на „соработка.“
Луксуз или опасност?
Марина објаснува дека девојките кои влезат во вистинските кругови можат да имаат заштита и луксуз, но не успеваат сите.
„Ако девојката е дел од легален агенциски систем, тогаш се води грижа за нејзиното здравје и изглед.
Никој не смее да остава траги од насилство, модринки или скршеници, бидејќи тоа го уништува имиџот.
Но, ако се најде во погрешни раце, работите можат да одат во целосно спротивна насока.
Секогаш има изопачени клиенти, и не завршува сè добро за сите.“
Кој стои зад насилството?
Марина нагласува дека локалното население строго ги почитува законите и дека ваквите ситуации најчесто се поврзани со богати странци кои доаѓаат да „купуваат забава“.
„Се сомневам дека Марија била повредена од локалци. Повеќе би рекла дека налетала на моќни луѓе од странство, кои мислат дека можат да купат сè со пари.“
Ескорт или љубовна врска?
Марина веќе неколку години редовно оди во Дубаи поради својот богат партнер.
„Ми плаќа авионски билети, сместување, шопинг и забава. За неколку дена во Дубаи добивам околу 120.000 – 150.000 рубли (1.500 – 1.900 евра), а некои добиваат и по 300.000 рубли (3.850 евра). Сите велат дека тоа е ескорт, но мене ми е полесно да мислам дека сме љубовници“, вели таа.
„Не е лесно да се преживее“
Марина вели дека не е едноставно да се опстане во овој свет:
„Не велам дека е лесно, но кога дома те чека бедна плата и поранешен маж кој не плаќа алиментација, изборите се ограничени.
Понекогаш е подобро да имаш некој што ќе те поддржува, отколку да живееш во неизвесност.“