Пожар во околината на Битола

Макфакс

20/03/2025

21:58

1.503

Големина на фонт

а а а

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.

Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.



Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.

„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.