Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Макфакс

20/03/2025

17:43

6.846

Големина на фонт

а а а

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта.

„Тие ќе ни бидат ѕвезди водилки во борбата вакво нешто никогаш да не се повтори! Нека почиваат во мир!“, пишуваaт нивните сограѓани.

Никола и Матеј, двајцата 18-годишни, седеле заедно во клупата во школските денови. Нивнaта наставничка од Злетово по пожарот напиша: „Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми ѕвони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“ иако видендот беше далеку“.



Тоше Тодоровски е полицаецот кој бил на службена должност во дискотеката, во моментот кога избил пожарот. Според сведоштвата, Тодоровски спасувал млади луѓе во трагедијата и го загубил животот.

Имал 36 години, а зад себе оставил две малолетни деца.