Хамас: Не ја затворивме вратата за преговори

Макфакс

19/03/2025

10:43

320

Големина на фонт

а а а

Официјален претставник на Хамас Тахер ал-Ноно изјави дека групата не ја затворила вратата за преговори и покрај континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа.

„Хамас не ја затвори вратата за преговори, но ние инсистираме дека нема потреба од нови договори“, рече Ал-Ноно, пренесе Ал Џезира.

Тој нагласи дека веќе има потпишан договор со меѓународни гаранции, како и резолуција на Советот за безбедност на ОН.

„Ние одговоривме позитивно на сите напори насочени кон нас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е тој што го напушти договорот и го игнорираше. Затоа притисокот треба да биде врз Нетанјаху, а не врз Хамас или палестинскиот отпор“, рече тој.

Тој оцени и дека израелските сили „немаат оправдување за своите постапки, ниту сега, ниту во минатото“.

„Тие продолжуваат да го кршат договорот што го потпишаа“, заклучува Ал-Ноно, пренесува Танјуг.