[ВИДЕО] Јакимовски за пожарот во Кочани: Ова беше најтраорната сцена која сум ја доживеал

Точка

18/03/2025

19:59

2.938

Големина на фонт

а а а

Игор Јакимовски, тренерот на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој ја претставуваше Македонија на Летните олимписки игри во Париз, вчера ја покажа својата хуманост и солидарност на дело, приклучувајќи се во помошта во болницата во Кочани по големата трагедија.

Со емотивна порака, тој упати апел и прашање до институциите и целото општество – дали секогаш мора да дозволиме да се случи катастрофа за конечно да се преземат неопходни мерки и да се спречат вакви трагедии?

🙏🙏🙏

Posted by Igor MC Jakimovski on Sunday, March 16, 2025

„Сум бил многупати сведок на вакви сцени со трагичен епилог, но ова денес е најтраорната сцена која сум ја доживеал“, вели Јакимовски.