Сопругата на Саша Поповиќ проговори првпат по неговата смрт

Макфакс

14/03/2025

07:19

2.728

Големина на фонт

а а а

Сузана Поповиќ, вдовица на основачот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, за прв пат проговори по неговата смрт на 1 март.

„Благодарам на сите добри луѓе кои изразија сочувство и сочувствуваа со нашата болка“, напиша таа на Фејсбук, додавајќи емотикони со срца. Нејзината објава собра 28.000 реакции и предизвика нова лавина изрази на сочувство.


Александар Саша Поповиќ почина на 1 март на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Веста ја соопшти Гранд продукција, чиј основач и директор беше Поповиќ. „Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, соопштија оттаму.