Роберт де Ниро во новата мафијашка драма – Толкува дури две главни улоги

Точка

14/03/2025

13:56

610

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Роберт де Ниро толкува не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knights“, која наскоро пристигнува во кината. Заснован на вистински настани, филмот е сместен во Њујорк од 1950-тите, а двократниот добитник на Оскар ги толкува ривалските италијанско-американски мафијашки шефови Френк Костело и Вито Џеновезе.

Приказната го следи минатото на старите пријатели

Филмот „The Alto Knights“ го раскажува заедничкото минато на старите пријатели, настаните кои довеле до нивна разделба и неуспешниот обид за атентат врз Костело. Нивната борба за моќ се одвива во интензивни сцени, од кои некои ги прикажуваат Костело и Џеновезе како се судираат лице в лице.

Филмот го режирал Бери Левинсон, режисерот на „Rain Man“ и „Good Morning, Vietnam“, а сценариото го потпишува Николас Пилеги, познат по филмовите „Goodfellas“ и „Casino“. Филмот го продуцирал долгогодишниот соработник на Де Ниро, Ирвин Винклер, а актерот рече дека соработката со нив тројца го убедила да му се врати на мафијашкиот жанр. „Не планирав да му се вратам, но кога Ирвин Винклер ми го испрати сценариото, реков „дозволи ми да размислам“, изјави Де Ниро на премиерата на филмот во Лондон во четвртокот.

Филмот наскоро ќе започне глобално да се прикажува

„Кога разговаравме за тоа кој ќе ја игра другата улога – тие ме сакаа за Костело – тој (Винклер) рече: „А да ја толкуваш и другата улога? Реков: „Тоа е уште подобра причина да го направам тоа, ако го направам“, додаде 81-годишниот актер, а Винклер (93) рекол дека не познава некој би бил посоодветен за улогите.


„The Alto Knights“ го започнува своето глобално прикажување во кината на 19-ти март.