Трамп до Канаѓаните: Не ни требаат вашите автомобили, дрво и енергија, ќе дознаете наскоро

Макфакс

11/03/2025

15:30

6.400

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако канадската провинција Онтарио објави дека ќе им наплати на американските домаќинства 25 отсто повеќе за електрична енергија како одговор на американските царини.

„И покрај фактот што Канада им наплаќа на САД царини од 250% до 390% за многу од нашите земјоделски производи, Онтарио штотуку објави дополнителен надомест од 25% за електрична енергија, а тоа дури и не е дозволено да се направи.


Бидејќи царините се реципрочни, се ќе вратиме на 2 април. Канада е земја која ги злоупотребува царините и секогаш ги злоупотребувала, но САД повеќе нема да ја субвенционираат Канада. Не ни требаат вашите автомобили, не ни требаат вашите дрва, не ни треба вашата енергија и ќе дознаете многу брзо“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Минатата недела Трамп најпрвин воведе царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, но потоа ги паузираше до 2 април. Тој тврди дека тарифите се одговор на неприфатливиот прилив на илегални дроги и недокументирани мигранти во САД од двете соседни земји.