[ВИДЕО/ФОТО] Објавени нови мапи, Русите напредуваат силно во Курск

Макфакс

12/03/2025

11:20

1.816

Големина на фонт

а а а

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили во близина на Суџа во областа Курск.

Во август 2024 година, украинските сили ја преминаа границата и ја започнаа најголемата офанзива на руска територија од Втората светска војна, заземајќи најмалку 1.000 квадратни километри.

Карта од 4 март

Карта од 10 март (темно сината боја означува напредок на Украина во Русија, светло портокаловата ги покажува областите што Русија повторно ги презеде, црвената боја укажува на руска територија, светло сината боја означува украинска територија)

Последните карти од 4 и 10 март покажуваат дека Украинците изгубиле значителен дел од таа територија.

До средината на февруари, извештаите покажаа дека Русија вратила најмалку 800 квадратни километри. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во изминатите неколку дена повторно се заземени повеќе од 100 квадратни километри и десетина населени места во регионот.

Геолокацирани снимки покажуваат руски знамиња во селата во близина на Суџа, вклучувајќи го и Замостје, кој се наоѓа на помалку од 1,5 километар од центарот на Суџа.

Суџа е поврзана преку автопат до Јунакивка во областа Суми, веднаш преку украинската граница. Доколку руската војска ја преземе контролата врз оваа област, тоа би можело да ја загрози логистиката на украинската одбрана во регионот Суми, предупредуваат воените аналитичари.