Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Макфакс

12/03/2025

16:11

725

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да ги напуштат позициите.

„Јас очекувам најмалку морална одговорност и да ги напуштат позициите што ги имаат заробено бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие што ги избраа, дека го изгубија целиот кредибилитет, дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места каде што се. Тие, впрочем, тоа го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, кој доаѓа од ДУИ и кој е вршителот на должност, знаете како гласаа, не треба тука да објаснувам“, рече премиерот Мицкоски денес на камен-темелникот за граничниот премин со Грција, Маркова Нога.


Собранието вчера изгласа интерпелација за Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Сеилм Адеми и утврди дека тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството.