[ФОТО] Земјата со најчист воздух и популарна европска дестинација

Точка

19/02/2025

18:52

3.058

Големина на фонт

а а а

Овој европски „скапоцен камен“ неодамна беше прогласен за најчиста земја во светот.

Доколку сакате одмор во место кое не е преполно со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците се без ѓубре, тогаш оваа дестинација ќе биде полн погодок.

Имено, според извештајот „The Air We Breathe“ на „World Population Review“, Естонија е препознаена како земја со најчист воздух. Врз основа на Индексот за еколошки перформанси (EPI), кој се фокусира на фактори како што се емисиите на стакленички гасови, CO2, достигнувањата во однос на негативните емисии на јаглерод диоксид, метан, имплементација на политиките за животна средина, проширувањето на шумите, обновливите извори на енергија и тропски шуми, Естонија се најде на првото место.


Анализата покажа дека Естонија има најчист воздух и највисок глобален EPI, со оценка од 75,3.

Други европски земји на оваа листа се: Луксембург (75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9).

Всушност, Естонија, Обединетото Кралство, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Австрија, Норвешка и Швајцарија се на врвот на листата на најчисти земји во светот од 2020 година.


Ако планирате посета на Естонија, нејзиниот главен град Талин не смеете да го пропуштите. Имено целиот град е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1997 година поради неговото исклучително добро зачувано старо градско јадро од 13 век, со бројни кули и оригинални градби.


Стариот град всушност се состои од два различни дела: Горниот град, или Томпеа, во кој се наоѓа естонската влада, сместена во прекрасната средновековна розова куќа Стенбок, како и 800-годишниот замок Томпеа и Долниот град.

Доколку ја планирате посетата на Талин, кулата „Pikk Herman“, која е дел од замокот Томпеа, со 45 метри надморска височина, е местото кое мора да го доживеете. Без сомнеж, глетката од кулата буквално ќе ви го одземе здивот.


Исто така најголемите атракции во Талин ги вклучуваат катедралата Свети Александар Невски, музејот на уметноста Кадриорг и паркот Кадриорг.