[ФОТО/ВИДЕО] „Ја посетив земјата во која проституцијата е легална“: Видео кое поттикнува на размислување за тоа во каков свет живееме

Точка

14/02/2025

21:23

8.055

Големина на фонт

а а а

„Во претходните видеа од Бангладеш, имавте можност да дознаете многу за животот во оваа земја, но во оваа приказна ви пренесувам еден од најтрогателните моменти со кои се соочуваат младите девојки овде“, рече патописецот Роберт Дацешин на почетокот од застрашувачката видеоприказна и додаде:

„Имено, иако проституцијата е прилично вообичаена појава низ Југоисточна Азија, работите се можеби најтешки во Бангладеш, каде жените се продаваат за цени од 60 долари (57 евра) и каде нивните права се целосно занемарени. Ова е една од оние приказни кои ве принудуваат да застанете и внимателно да размислите за тоа во каков светот живееме. Се надевам дека ова видео ќе ви ги отвори очите за реалностите кои се случуваат на нашата планета, но и дека повеќе ќе го цените начинот на живот кој нам кои сме родени во Европа нѝ е даден при самото раѓање“.

Бангладеш е една од најгусто населените земји во светот. Во многу делови, густината на населеност е дури над 5.000 жители на квадратен километар, а најгусто населен град е главниот град Дака со над 40.000 жители на квадратен километар.



БДП на Бангладеш по глава на жител е 460 американски долари (439 евра), што го прави една од најсиромашните земји во светот. Населението најмногу се занимава со земјоделство, а светлата точка е растот на економијата.



Но, покрај економијата, немилосрдно расте и корупцијата. Земјата во која владее сиромаштијата често се соочува со природни катастрофи, како што се бури и поплави, но тоа не е единствената причина поради која секојдневието на локалните жители е особено тешко – а посебно за жените.



„Во Бангладеш проституцијата е целосно легална, а повеќе од половина од 150.000 сексуални работнички (колку што се проценува дека постојат) се на возраст под 18 години“, откри Дацешин во шокантното видео.