[ФОТО] „Kралицата на бикинито“ прошетала по булеварот Сансет во трико и кожна јакна

Точка

14/02/2025

10:40

4.904

Големина на фонт

а а а

Манекенката Брукс Надер, позната по прекарот „кралица на бикини“, го привлече вниманието на минувачите за време на неодамнешната фотосесија на булеварот Сансет.

Таа позирала во црно трико. Својот стајлинг го комплетираше со црна кожна јакна, високи потпетици и очила за сонце. 


Брукс Надер е американски модел позната по соработката со престижниот бренд „Sports Illustrated“. Таа е родена на 7 февруари 1996 година. Од млада возраст покажала интерес за модата и гламурот, но дури откако се преселила во Њујорк, можела сериозно да се пробие во индустријата.

Нејзината кариера добила на интензитет откако победила на „Sports Illustrated Swimsuit’s Model Search“ во 2019 година, со што се најде на насловната страница на познатото списание, кое ги лансираше кариерите на многу модели пред неа.


Истото се случи и со Брукс.

Има ново момче

Оваа недела таа се појавила и на црвениот тепих за премиерата на третата сезона на популарната серија „White Lotus“. Имено, на настанот пристигнала во друштво на своето момче Глеб Савченко со кој неодамна започнала врска. Нивната романса го привлекла вниманието на јавноста, особено што Надер сè уште официјално е во брак со Били Хејр.


Минатата година поднела барање за развод, а во јануари годинава потврдила дека бракот сè уште е правно валиден. Јавноста дознала за нивната разделба во мај 2024 година, кога претставникот на моделот открил дека парот не живее заедно неколку месеци.


Надер и Савченко се запознале за време на снимањето на „Танц со ѕвездите“, каде што биле партнери за танцување. Нивната врска наишла на предизвици со оглед на нивната разделба во октомври, но набрзо се смириле и одлучиле да ѝ дадат нова шанса на својата љубов.