[ВИДЕО] Тејлор Свифт била исвиркана на „Super Bowl“, дури и Трамп се пошегувал на нејзина сметка

Точка

10/02/2025

16:28

2.588

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тејлор Свифт присуствуваше на финалниот натпревар на американската Национална фудбалска лига и го поддржа своето момче Тревис Келче, кој игра за тимот на Канзас Сити Чифс.

Сепак, нејзиното присуство предизвика негативни реакции од страна на публиката, која ја исвирка во моментот кога пејачката се појави на големиот екран. Присутните во стадионот почнаа да извикуваат „бууу“, а реакцијата на Свифт, која се обиде да ги изигнорира со насмевка, бргу почна да се шири на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп не остана рамнодушен и со објава на неговата платформа Трут сошл го искоментира тоа што пејачката беше исвиркана.


„Единствената што имаше потежок настап од Канзас Сити Чифс беше Тејлор Свифт. Ја исвиркаа од стадионот. ‘Повторно да ја направиме Америка величествена’ („Make America Great Again“) не простува!“, напиша Трамп, алудирајќи на движењето, кое тој го предводи.

Свифт доби поддршка од тениската легенда Серена Вилијамс, која на Икс напиша: „Тејлор Свифт, те обожавам. Не обрнувај внимание на исвиркувањата“.