„Подари љубов, укради срце“ – седумдневен Сити базар за Денот на вљубените

Точка

05/02/2025

11:18

181

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на Денот на вљубените – Свети Валентин, од 8 до 14 февруари на првиот кат од Скопје Сити Мол ќе се одржи седумдневен настан „Сити базар – Подари љубов, укради срце!“.

Учествуваат 34 македонски современи ракотворци, кои нудат широка палета на рачно изработени производи.

На љубовниот базар, посетителите ќе имаат можност да изберат подароци за своите најблиски, а секој производ е мало уметничко дело, во кој е компримиран креативниот труд на ракотворците.

Од колачиња декорирани во духот на љубовта, преку впечатливи аксесоари, чанти и накит, до дизајнирани свеќи, љубовни сувенири, веганска козметика и шарени керамички приказни.

Не пропуштајте ја шансата да подарите љубов со уникатни ракотворби и да го украдете срцето на вашите најблиски!

Од 8 до 11 февруари учество ќе земат брендовите: Glossy Accessories, Pinkocrafts, Wanderlust_mk, tangled.threadss, Flow.Can.Donna, Шарено ќоше, vbunarovska, Scented Studio, marcy_s_handmade, Сербез, Креативно студио Алегра, ByMimiCosmetis, Pika.Jesmonite, Wax & Wick Candles, Crochet by Fosi, Jordan WoodWorker, Китка дарови и Ателје Сиена.


Од 12 до 14 февруари штандовите се резервирани за: Ukiyo Crafts, simple Du, Balloon Twister, Dekoracii Marija, M&M Luxury Soap Bouquet, КРУГ, Луксифај гифт шоп, Бибер и Ванила, Добро ми стои, Елена Ристовска, АКРЕА, Small piece of joy, Zen.Zeal, Love corner, Lumos Glow Candles и Monkdolls.

Овој настан е дел од новата иницијатива на Скопје Сити Мол – „Сити базар“, која започна во јануари и која ќе продолжи да ги поддржува македонските ракотворци.

Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби.

Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што обезбедува простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ги поттикнува посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат и афирмираат креативниот влог на македонските ракотворци.

Новата платформа „Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници... насочени кон промоција на македонските креативци.

„Сити базар“ е можност да се создаде нова културна и социјална динамика во нашата заедница, место каде ќе се поттикнат позитивни промени во општеството и каде ќе се збогатат искуствата на сите посетители.

Комерцијален текст