Пристигна првата реакција на Хамас откако Трамп кажа дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа и да го направат „Ривиера на Блискиот Исток“

Макфакс

05/02/2025

09:01

3.751

Големина на фонт

а а а

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“ и „апсурдни“.

„Изјавите на Трамп за неговата желба да ја контролира Газа се смешни и апсурдни и какви било идеи од ваков вид може да го запалат регионот“, рече Абу Зухри, пренесе Ројтерс.

Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, додаде портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми.


„Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови да поминат. Она што се бара е крај на окупацијата и агресијата врз нашиот народ, а не протерување од нивната земја“, рече тој.

Коментарите на Трамп доаѓаат во критично време, кога преговорите за втората фаза од процесот за прекин на огнот во Газа се во раните фази.