Дали знаевте дека една епизода од „Сунѓерот Боб“ е забранета веќе седум години? Еве ја и причината

Точка

28/01/2025

18:04

1.547

Големина на фонт

а а а

Анимираниот фил „Сунѓерот Боб Панталоновски“ (SpongeBob SquarePants) е еден од најпопуларните формати на телевизија. Затоа, на многумина можеби им е тешко да поверуваат дека една од неговите епизоди е забранета уште од 2018 година. Имено, каналот „Nickelodeon“ смета дека епизодата „Mid Life Crustacean“ не е погодна за деца.

Главните ликови – Господин Раковски, Патрик Ѕвездата и Сунѓерот Боб – во еден момент се впуштаат во „кражба на гаќички“. Поради ова, епизодата била означена како контроверзна и несоодветна за деца и била отстранета од каналот.

Кражба во куќата на мајката на Раковски

Во спорната епизода, Раковски поминува низ средовечна криза и сака да се чувствува помладо со помош на Патрик и Сунѓерот Боб. Тројката потоа тргнува во авантура и провалува во куќа и краде пар женски гаќички. Сè станува уште почудно кога ќе се покажало дека куќата во која упаднале и припаѓа на мајката на Раковски, која потоа го испраќа во неговата стара соба.

„Mid Life Crustacean“ е недостапен од 2018 година, откако прегледот на стандардите утврдил дека некои елементи не се соодветни за деца“, порачале од „Nickelodeon“ во 2021 година. Две години по забраната, епизодата по грешка била објавена на каналот „Paramount+“, но брзо била отстранета.

Епизодата од карантин е отстранета

Да потсетиме дека ова не е единствената епизода од овој цртан филм која се поврзува со контроверзии. Во 2020 година, „Nickelodeon“ ја отстраниле и епизодата во карантин „Kwarantined Krab“ поради фактот дека во неа се споменува карантин. Епизодата првично требало да биде објавена во 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус и чувствителноста на темата, истата била повлечена. Во таа епизода, здравствениот инспектор го посетува ресторанот „Крусти Краб“, сопственост на Господин Раковски. Таму тој прогласил дека низ ресторанот се проширила болест наречена „грип од школки“, поради што наредил ресторанот да се стави во карантин.