[ФОТО] Најскандалозните сестри повторно се појавија во Париз – „Голи“: Едната го ограби момчето, па го остави да почине

Точка

28/01/2025

16:40

3.514

Големина на фонт

а а а

Сестрите Шенон и Шенид Клермонтс присуствуваа на модната недела во Париз. Како и вообичаено, тие се појавија во целосно проѕирна облека, во кафеави комбинезони кои јасно ги открија нивните гради.

Близначките Клермонтс привлекуваат внимание со тоа што секаде се појавуваат полуголи, а тој имиџ го негуваат со години. Тие со години се меѓу првите гости на модната недела во Париз, а така беше и овој пат.


Двете се прославија по учеството во реалното шоу „Oxygen, Bad Girls Club“, а потоа влегоа во светот на модата. Голем успех доживеаја по снимањето на модната кампања „Kim Clone“ на Канје Вест. Исто така, се шпекулираше дека една од сестрите била поблиска со Канје откако биле забележани заедно.


Исто така Шенид заврши и в затвор откако ја украде и искористи кредитната картичка на мажот со кој извесно време беше во врска. Истата вечер кога му ја украла картичката, мажот починал од предозирање, а таа успеала да потроши повеќе од 20.000 долари.


„Тој беше пијан и во хаос, а јас бев изнервирана. Мислев дека се глупира и игра игри, па едноставно си заминав. Не знаев дека се предозирал“, изјави таа за „New York Post“.