На денешен ден во 1986 година се случи една од најголемите катастрофи во историјата на вселенското истражување. Набргу по полетувањето, точно 73 секунди подоцна, спејс-шатлот "Challenger" експлодираше.
Истрагата покажала дека експлозијата била предизвикана од заптивка во внатрешноста на ракетниот засилувач што протече поради студеното време. Топлите издувни гасови излегле преку заптивка и го пробиле надворешниот резервоар за гориво, предизвикувајќи експлозија.
Сите седум астронаути загинале.
Тој ден животот го загубија командантот Дик Скоби, Криста Мекалиф, Грегори Џарвис, Џудит Ресник, Мајк Смит, Роналд Мекнер и Елисон Онизука.
Тешката несреќа во живо ја следеле милиони луѓе.
Оваа трагедија го шокираше светот и доведе до голема истрага за безбедносните процедури на НАСА. Резултатите од истрагата, познати како "Извештај на Роџерс", открија технички неуспеси, но и проблеми со управувањето, вклучително и притисок да се продолжи со лансирањето и покрај лошите временски услови.
Несреќата резултираше со суспензија на програмата "Space Shuttle" за речиси три години, додека беа спроведени промени за подобрување на безбедноста.