Корисниците на Нетфликс имаат само неколку денови да го прегледаат најтажниот филм на сите времиња

Точка

28/01/2025

11:00

2.169

Големина на фонт

а а а

Најромантичниот, но и најтажниот филм на сите времиња ќе биде отстранет од стриминг сервисот на 14 февруари. Филмот „The Notebook“ беше создаден во 2004 година врз основа на истоимениот роман на Николас Спаркс и ги освои срцата на публиката ширум светот со својата приказна за безвременска љубов.

Дејството на филмот ги следи Али и Ноа, двајца млади луѓе од различни општествени класи, чија љубов ги надминува пречките на времето, несогласувањата и социјалните норми.


За што станува збор во филмот?

„The Notebook“ ја раскажува емотивната љубовна приказна помеѓу Ноа, сиромашен млад човек, и Али, девојка од богато семејство, чија врска наидува на пречки поради социјалните разлики. По незаборавното лето, нивната љубов е прекината кога семејството на Али го напушта градот. Ноа ѝ пишува писма кои нејзината мајка ги крие, додека Али започнува нов живот и ќе се сврши со богат адвокат.


Години подоцна, Али повторно ќе се сретне со Ноа откако забележала напис во весникот за неговата реновирана куќа. Нивната страст повторно се разгорува, а Али мора да одлучи помеѓу сигурен живот со сопругот и вистинската љубов со Ноа.

Во сегашноста, Ноа ѝ ја чита нивната приказна на Али, која боледува од деменција. Во ретки моменти на луцидност, Али се потсетува на нивната љубов. Филмот завршува трогателно, прикажувајќи ја нивната вечна поврзаност, дури и во смрт.

Трогателните сцени, страсната хемија помеѓу Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс и незаборавните дијалози го направија овој филм не само романтична класика, туку и филм кој никого не остава рамнодушен. Особено впечатливиот крај, исполнет со солзи и емоции, е причината поради која многумина го вбројуваат меѓу најтажните љубовни приказни на сите времиња.


Нетфликс потврди дека филмот ќе биде достапен до 14-ти февруари, по што ќе биде отстранет од понудата. Така што немате уште многу време, а доколку сте склони кон емотивни реакции, подгответе ги марамчињата бидејќи „The Notebook“ уште еднаш ќе ве потсети колку моќна и болна може да биде љубовта.