Американскиот претседател, Доналд Трамп, наскоро ќе потпише извршни наредби за ставање крај на воената програма за различност, правичност и вклучување и враќање на илјадници војници кои беа отпуштени затоа што одбија да се вакцинираат против вирусот за време на пандемијата Ковид-19, објави денеска министерот за одбрана Пит Хегсет.
Хегсет, поранешен водител на Фокс њуз и воен ветеран, беше потврден за министер во американскиот Сенат со минимална поддршка – тој доби 51 глас „за“ и 50 „против“.
Тројца републиканци не го поддржаа, па гласот на потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс беше 51. одлучувачки глас.
„Доаѓаат уште извршни наредби“, им рече Хегсет на новинарите по пристигнувањето во Пентагон на неговиот прв ден на неговата нова позиција.
Хегсет вети дека ќе направи големи промени во Министерството за одбрана, а еден од неговите приоритети е да ја елиминира програмата различност, еднаквост и вклучување, позната колективно по американскиот акроним DEI.