Сашко Коцев повредил полицаец и потоа побегнал со возилото, актерот тврди дека ништо сериозно не се случило: Ова се деталите

Макфакс

28/01/2025

15:55

5.785

Големина на фонт

а а а

Актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец, извести скопската полиција.

Според МВР, околу 19.15 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар, С. К., управувајќи возило „фолксваген“, не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејства, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Актерот Сашко Коцев негира дека со автомобилот удрил полициски службени, за што извести МВР

Актерот Сашко Коцев тврди дека не удрил во полицаец откако низ медиумите се појавија вести дека удрил со возило во полицаец, по што го напуштил местото. Тој за „Слободен печат“ вели дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту, пак, знаел дека се работи за полиција.


„Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна“, посочува Коцев во изјавата.