[ВИДЕО] Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: Објавени снимки од блокадата

Макфакс

28/01/2025

08:11

4.378

Големина на фонт

а а а

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, вчера почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград. Блокадата завршува денеска во 10 часот.

Блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Студенти и други граѓани учествуваа во протестните прошетки. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци…

Impozantna slika Autokomande noću.

Posted by N1 Srbija on Monday, January 27, 2025

Студенти, ученици и граѓани се сретнаа напладне и се поврзаа на договорените дестинации во многу градови низ Србија. Во штрајкот учествуваа и кина, книжарници, издавачки куќи, угостители, ноќни клубови…


Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста и порача дека ќе бидат исполнети сите барања на студентите, а најави и реорганизација на Владата. Студентите на блокадите го игнорираа неговиот говор.

Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) вчера објави снимка од блокадата со дрон. Тоа е непартиска граѓанска организација посветена на развојот на демократската култура и граѓанскиот активизам.