[ФОТО] „Искубано како кокошка“: Еве во каква состојба Артан Груби го оставил службеното луксузно БМВ

Точка

27/01/2025

14:34

10.081

Големина на фонт

а а а

Министерството за односи меѓу заедниците објави фотографии и записник за автомобилот БМВ за кој министерот Иван Стоиљковиќ објави дека било однесено и заборавено на сервис. Тој рече дека БМВ-то е пронајдено во многу лоша состојба во сервисот

– Возилото, кое било предадено на сервис, сега личи на ‘искубана кокошка’. Делови од него, вклучително и вратите, се извадени и користени за други потреби на сервисот. Министерството за внатрешни работи е веќе вклучено во истрагата, но нема записници за предавањето на возилото. Сведоците тврдат дека автомобилот бил предаден во совршена состојба – изјави Стoилковиќ.


Возилото било оставено во „Ауто лакер Буњо“ во Куманово поради блокиран мотор, но не било вратено во Министерството по истекот на договорите коишто што со овој сервис биле склучени на 10 март 2022 година и на 30 мај 2023 година.


„Возилото беше однесено во овластениот сервис во текот на важност на првиот склучен договор меѓу договорните страни, од каде е констатиран сериозен дефект. По завршување на проверката и дијагностиката на возилото, утврдено е дека моторот е блокиран и дека треба да се замени со нов мотор. За состојбата беше известен Кабинетот на поранешниот министер. Поради тоа што тогашниот министер не одобри сервисирање на возилото, истото не беше сервисирано и остана во просториите на носителот на набавката“, се наведува во записникот.


Административните службеници Садудин Асипи и Африм Весели, кои во име на Министерството за односи меѓу заедниците требале да го вратат возилото, имале неколку безуспешни обиди да остварат контакт со овластениот сервис.


„Министерот побара возилото да се врати назад во просториите на МОЗ. За таа цел, во повеќе наврати во телефонски повик беше контактиран овластениот сервис од моја страна (Садудин Асипи), со барање возилото да се врати во МОЗ. Од страна на сервисерот во сите наврати ми беше ветувано дека колата ќе ја врати во текот на работната недела или по наредната недела, но истото не беше реализирано. Ова барање од страна на МОЗ, односно преку мене Садудин Асипи до сервисерот траеше неколку месеци. Во првите денови од 2025 година, државниот сектретар повторно побара од мене (Садудин Асипи) уште еднаш да ја контактирам фирмата и да барам веднаш, без одлагање возилото да биде вратено во МОЗ, а дека во спротивно ќе бидат преземени мерки согласно позитивните законски прописи. Направив повеќе неуспешни обиди телефонски да стапам во контакт со овластениот сервис, по што испратив смс порака со претходно наведеното барање. Овластениот сервис не ми одговори ниту на телефонските повици, ниту на смс пораките“, се наведува во записникот.


Двајцата вработени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на 14 јануари со овластување од државниот секретар заминуваат во Куманово каде ја констатираат лошата состојба на возилото.