Заедно со Илон Маск била во Аушвиц и открила: „Не бидете наивни, тоа не го ни допре! Овој човек е можеби најблиското нешто до она што јас би го нарекла социопат“

Точка

27/01/2025

11:54

1.463

Големина на фонт

а а а

Аушвиц, место исполнето со најстрашните приказни од историјата, е симбол на геноцидот на милиони луѓе. Денес служи како потсетник и важно место за едукација, а многу посетители од таму си заминуваат длабоко потресени.

Но, се чини дека тоа не било случај и со Илон Маск. Ова го открила една жена која била сведок на неговата посета на Аушвиц, откако многумина се обиделе да го оправдаат неговото кревање на десната рака во воздух со тоа што го посетил местото каде што страдале милиони Евреи.

Гидон Лев, човек кој го преживеал Холокаустот, Евреин роден во тогашна Чехословачка, бил специјален гостин за време на посетата на Маск во Аушвиц минатата година. Лев го посетил местото за да му оддаде почит на својот татко, кој починал таму за време на маршот на смртта. Но, според она што сега го раскажала партнерката на Гидон, Џули Греј, која исто така била таму со нив, Илон Маск наводно не покажал емоции или емпатија за време на обиколката.

We are pretty tickled and proud of our book. It was fun to open our box from Hachette Go today. What a moment 😋💖

Posted by Julie Gray on Monday 16 December 2024

„Потполно ладен и фокусиран на камерите“

Џули Греј, Американка која се преселила во Израел во 2012 година, а неколку години подоцна го запознала Гидон (кој сега живее таму), го сподели своето разочарување на Фејсбук. „Со него шетав низ Аушвиц. Стоев до него додека тој гледаше во купишта коса, багаж и чевли. Беше целосно рамнодушен. Не го трогна ниту фактот што Гидон на тоа место го загубил татка си“, напишала таа.

I see people posting that Elon was at Auschwitz this time last year - therefore, his recent "gesture" is not...

Posted by Julie Gray on Wednesday 22 January 2025

Џули открила дека додека Маск го полагал венецот, бил опкружен со камери и телохранители, целосно фокусиран на сопствениот имиџ. „Гидеон беше игнориран. На Елон не му беше грижа. Тој беше таму само поради медиумите“.

Нацистички поздрав?

Маск е обвинет дека извршил нацистички поздрав за време на говорот на инаугурацијата на Доналд Трамп. Иако некои тврдеа дека станува збор за недоразбирање, многумина го осудија неговиот потег. Дополнително, Маск на Твитер објави серија шеги за нацизмот, вклучително и игра на зборови како „Bet you did Nazi that coming“. Организациите како што е „Anti-Defamation League (ADL) реагираа остро, посочувајќи дека ваквите коментари се навредливи и несоодветни. „Холокаустот не е шега. Тоа е единствено зло и не е соодветно да се третира како таков“, изјавил директорот на АДЛ Џонатан Гринблат.


Џули Греј својата објава ја завршила со остра порака: „Илон Маск е можеби најблиското нешто до она што јас би го нарекол социопат. Да се заклучи дека поради таа посета тој е пријател на Евреите е сосема наивно“. Илон Маск засега не ги коментирал обвинувањата ниту одговорил на реакциите од јавноста кои ги предизвикало неговото однесување. Неодамна, Маск се приклучил на официјалната кампања на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) преку видеоповик, еден месец пред националните избори на 23 февруари. Обраќајќи им се на толпата пред говорот на фаворитката Алис Вајдел, милијардерот изјавил дека АфД е „најдобрата надеж“ на Германија и дека е во ред да се „биде горд“ поради тоа што си Германец.